Собранието одлучи дека има потреба од законот за јазиците

Од:

Со 66 гласа „за“ и 41 „против“ Собранието го усвои заклучокот за законот за јазиците, односно одлучи дека има потреба од ваков закон.

По барање на Илија Димовски, еден од координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Собранието даде пауза од половина час.

Димовски побара листинг од гласањето за тоа кој пратеник како гласал.

Предлог-законот за употреба на јазиците влегува во втора фаза кога пратениците имаат можност да поднесуваат амандмани.

Амандманите за Предлог-законот ќе се разгледуваат на Комисијата за европски прашања, бидејќи законот е со европско знаменце. Потоа законот во второ читање ќе оди повторно на пленарна седница на дебата по што ќе следува финално изјаснување на пратениците по текстот.

Инаку, според предлогот, законот предвидува, покрај македонскиот јазик, кој е службен на целата територија на државата, службен е и јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните. Во сите органи на државната власт – централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи, организации, комисии, службен јазик, покрај македонскиот, ќе биде и албанскиот. Истото важи и за единиците на локалната самоуправа.

Доколку претседателот на Собранието е Албанец, пленарната седница ќе може да ја води и на албански јазик. Личните документи и патните исправи на граѓаните по автоматизам ќе бидат издавани на службениот јазик што го зборува граѓанинот. Во судските постапки јавните обвинителства и сите други органи, тела и институции, покрај македонскиот, ќе се применува и албанскиот јазик.

За двојазичните банкноти, амблеми на војската и хартиите од вредност ќе решава Венециската комисија и доколку таа позитивно се произнесе, тие дополнително ќе бидат вградени. Во општините каде што Албанците се над 20 отсто, униформите на полицијата, пожарникарите и здравствoто ќе бидат и на албански, а на банкнотите ќе има културни елементи на Албанците, но не и текст на албански јазик.

Според предлогот, за спроведување на законот ќе бидат издвоени дополнителни средства од буџетот на Република Македонија поврзани со основањето агенција за примена на јазикот.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он