Средба на Манчевски со Дезир: Мотори на медиумските реформи мора да бидат медиумските работници

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска оствари средба со претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, Харлем Дезир.

На средбата министерот Манчевски се осврна на процесот на подготовка на Предлог-Законот за измени и дополнување на Законот за аудио и аудиовизулени медиумски услуги.

Дезир ги поздрави заложбите на Министерството за информатичко општество и администрација за обезбедување на простор за слободни медиуми што како што истакна е од фундаментално значење за демократијата во една земја.

„ОБСЕ е наш постојан партнер особено во делот на медиумите. Предлог верзијата на Законот за измени и дополнувања на Законот за Аудио и аудиовизулени медиумски услуги пред да биде објавена на ЕНЕР беше испратена до канцеларијата на ОБСЕ во Виена, од каде добивме позитивни коментари. Но, добивме и забелешки кои се објавени на веб страната на МИОА и кои се интегрирани во предлог верзијата на законот“, истакна министерот Манчевски по завршувањето на средбата.

„Заеднички став на ОБСЕ и Владата е дека е од особено значење процесот да биде транспарентен и отворен за придонес од сите засегнати страни до неговото финализирање. Во сензитивна област како што се медиумите, Владата и Собранието се тие кои ги прават законските измени, но мотори на медиумските реформи мора да бидат самите медиумски работници“, заклучи министерот.

„Ми претставува особено задоволство што реформите во медиумската сфера се на агендата на Владата. Ние сме во постојана комуникација затоа што сме убедени дека Законот за АВМУ е многу важен закон и измените ќе придонесат кон подобрување на состојбата на МРТВ, во независноста во работењето и подобрување на улогата на Агенцијата “, посочи Дезир.

Тој ја поздрави одлуката на Владата за укинување на владините реклами, како еден од механизмите со кои во изминатиот период се вршеше притисок врз медиумите.

„Со укинувањето на владините реклами и со останатите измени во Законот за АВМУ, се оневозможува контролата и притисокот во медиумите“, смета Дезир.

Тој исто така ги поздрави и заложбите на МИОА, на Дигиталниот Самит за земјите од Западен Балкан, што ќе се одржи на пролет следната година, да се наметне и проблемот со лажните вести, како предизвик за медиумите и владите на глобално ниво.

Би можело да ве интересира

Манчевски за денеска најави први резултати по реакциите за непотизам

Македонија и Косово заедно ќе работат на развој на дигитализацијата во двете земји

ВИДЕО: МИОА, МП и Академијата за судии и јавни обвинители потпишаа меморандум за соработка

Манчевски и Поповски ја потпишаа Декларацијата против говорот на омраза во медиумите

Наум Локоски

(ВИДЕО) Манчевски: Ќе се бираат заменици директори само на 12 претпријатија формирани од Владата

Наум Локоски

Промовиран нов портал за отворени податоци на институциите

Наум Локоски