Од утре задолжителна зимска опрема за возилата

Од:

Утре стапува во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

Со непочитување на правилата за користење и носење зимска опрема возачите се изложуваат себе и другите учесници во сообраќајот на опасност и истовремено, според член 361 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се соочуваат со глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно регистрирање на 25 негативни бодови.

Полициски службеник може да нареди да се прекине со возење доколку не се постапува според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Таква наредба може да издаде и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на зимската опрема на возилото.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ