Изложба на колажи од Тања Таневска во Чифте амам

Од:

Изложба на седумдесетина колажи од Тања Таневска, насловена „Ликовна симфонија на душата“, вечер во 19.30 часот ќе биде отворена во галеријата Чифте амам во организација на Националната галерија на Македонија (НГМ).

Колажите се изработени во изминатите седум години и со нив, како што наведува НГМ, авторката го проширува ликовниот репертоар со нови изразни можности, впечатливи, визуелни и естетски проникнувања, вметнување ликовен говор на материјалите.

– Таневска ја потврдува иновативната и експериментална природа, покажува дека освен што поседува неисцрпна инспирација, таа ја потврдува и сопствената неисцрпна енергија, соопшти НГМ во најавата на изложбата.

Тања Таневска досега реализирала 25 самостојни изложби во Македонија, а изложувала и во Париз, Берлин, Дрезден, Белград, Загреб, Марибор. Учествувала на повеќе од 220 групни изложби во земјава и странство. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ).

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски