Судот во БиХ потврди дека Додик бил прислушуван

Од:

Претседателот на Република Српска пред неколку дена откри дека против него се преземени мерки за прислушување, што денеска беше потврдено и од судот во БиХ. Од судот известија дека мерките биле воведени во пролетта 2016 година поради случајот „Павловиќ Банка“.

Според судот, во случајот против осомничениот Слободан Павловиќ била издадена наредба за примена на ПИМ, надзор и техничко снимање на комуникациите на одреден број на лица, помеѓу кои се наоѓал и Додик.

Мерките биле применувани во периодот од 11 февруари 2016 до 13 мај 2016 година, а веќе не се спроведувале.

Судот во претходна стапка по завршувањето на мерките треба да го информира лицето против кого биле преземени мерките поради заштита на неговите процесни права, а лицата потоа може да бараат од Судот преиспитување на законитоста на наредбата и начините на кои таа е спроведена.

– Судот врши судска контрола на кривичните истраги кои ги спроведува Обвинителството на БиХ во со Закон предвидени процесни ситуации против осомничени лица без оглед на општествената положба и функција што ја имаат, а исклучиво врз основа на докази презентирани од Обвинителството, соопшти Судот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“