Граѓанската асоцијација МОСТ, во партнерство со Институтот за мас медиуми, едукација и комуникација и порталот Нова ТВ објавија конкурс за грантови до 3.000 евра за поттикнување соработка помеѓу граѓанските организации и новинарите за работење на заеднички развој и спроведување на кампањи за застапување прашања важни за локалните заедници.
Апликациите треба да се достават до 22 ноември до адресата на Граѓанската асоцијација МОСТ, а при оценувањето на апликациите од исклучителна важност ќе биде темата за локалната заедница.
Повикот е во рамки на проектот „Медиа платформа за застапување“, финансиран од Европската Унија, преку ИПА програмата за граѓанското општество и медиуми 2014.