Предлог-буџетот за 2018 година доставен во Собранието

Од:

Расправата за Предлог-буџетот за 2018 година во Собранието на Република Македонија се очекува да започне во текот на оваа седмица, најави претседателот Талат Џафери.

Тој кажа дека ќе му даде предност на Предлог-буџетот пред расправата по законот за употреба на јазиците, која што продолжи денеска.

Општиот претрес и претресот по амандманите за Предлог-буџетот најпрво се води во матичната Комисија за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија, а тој може да трае вкупно десет работни дена.

По завршувањето на претресот, Владата подготвува дополнителен предлог со прифатените амандмани и тој се доставува до Собранието, кое на пленарна седница може да расправа најмногу пет дена.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година