Таравари: Наставниот кадар треба да учествува во изборот на директори на училиштата

Од:

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, низата посети во основните и средни училишта ја започна во најстарото градско училиште „Исмаил Ќемали”. Притоа, тој оствари средба со вработените во училиштето и побара од колективот да даваат предлози за назначување на в.д. директор на училиштето.

„Треба постепено да одбереме директори на основните и средни училишта. Според мене, едно од најпрестижните и најважни училишта е училишптето во кое и јас сум учел, односно училиштето „Исмаил Ќемали“. Сметам дека наставниот кадар треба да биде дел од изборот на директорот и затоа сум тука да ги слушнам нивните предлози. Ќе земам неколку нивни предлози и наскоро ќе се определам за еден од нив“, изјави за медиумите градоначалникот Таравари, прецизирајуќи дека идентични посети ќе оставри во наредните денови и во другите поголеми градски училишта.

На новинарско прашање за состојбата со греењето во училиштата, градоначалникот на Гостивар објасни дека во моментов нема проблеми.

„Јавната набавка за нафта е извршена од страна на претходното раководство, со исклучок на некои помали училишта во руралните средини каде се користи огревно дрво. Денес и следните неколку дена ќе се врши снабдувањето со нафта во училиштата и се надевам дека нема да има никакви проблеми во овој поглед. Проблемот што се појави во основното училиште “Мустафа Кемал Ататурк” во градот и во село Здуње, Секторот за образование успешно го надмина“, појасни градоначалникот Таравари.

Би можело да ве интересира

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

Тројца работници од Гостивар се повредиле на градежен објект

Таравари: Мислењето на Венецијанската комисија за законот за правична застапеност е добредојдено

Во Гостивар водата не е за пиење, во Тетово има рестрикции

Катерина Ѓуровски