Чист воздух за најмладите – донација од Ротари за градинката „13-ти Ноември“

Од:

Ротари клубот Скопје – Камен Мост денеска на Денот на ослободување на Скопје, донираше 12 прочистувачи на воздух за децата од центарската градинка „13-ти Ноември“.

Загадениот воздух убива околу 6.5 милиони луѓе годишно и со тоа предизвикува поголема смртност отколку ХИВ вирусот, туберкулозата и сообраќајните несреќи заедно, со овие зборови градоначалникот на општина Центар го започна обраќањето по повод донацијата и одбележувањето на празникот.

„Ова е убав гест од Ротари клубот и ние како општина ќе придонесеме за поквалитетен живот на децата и престој во установите, но тука не застануваме. Вакви прочистувачи на воздух ќе бидат поставени во сите градинки и училишта во Центар, со цел да обезбедиме најдобри услови за младите“, рече градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Иван Новаковски, претседателот на Ротари клубот – Камен Мост кажа дека нивната мисија е да се помогне онаму каде што е најпотребно, особено кај најранливата категорија – а тоа се децата.

„Град Скопје е на трето место на градови со најзагаден воздух во Европа. Загаденоста со ‘PM’ е сериозна закана за сите што се изложени на него, но најопасен е за децата, на кои што респираторните органи им се во развој“, рече Новаковски.

Овие уреди кои ќе бидат поставени во сите 12 простории за престој на децата ќе го прочистуваат воздухот со што ќе се намали изложеноста на најмалите на загаден воздух и отровни честички.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории