Од денес до 16 ноември, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев ќе оствари официјална посета на Вашингтон.
Анѓушев во Вашингтон ќе учествува на Трансатлантскиот економски форум во организација на „Школата за напредни меѓународни студии“ на Универзитетот Џон Хопкинс, Стопанската комора на САД и Центарот за трансатлантски студии.
За време на посетата, вицепремиерот задолжен за економски прашања ќе оствари средби и со претставници на Конгресот, Стејт департментот, меѓународни финансиски организации, како и со претставници на македонската дијаспора во САД.