Германецот Феликс Нојројтер е победник на првата трка од новото издание на Светскиот куп, откако на денешниот слалом во Леви, Финска заврши на првата позиција со време од 1.42.83.
Втор беше Хенрик Кристофрсен од Норвешка, додека на третата позиција заврши Матијас Харгин од Шведска.
Марсел Хиршер, актуелниот шампион заврши на 17. место.