Премиерот на Шпанија, Маријано Рахој планира да ја посети Каталонија денеска, што ќе претставува прва негова посета на овој регион по обидот за прогласување на независност.
Тој распиша регионални избори на 21 декември во Каталонија, а денеска ќе присуствува на предизборен митинг на кој што ќе ги убедува гласачите против отцепувањето на Каталонија.