САД и Јужна Кореја одржуваат воени вежби како предупредување за Северна Кореја

Од:

Војските на Јужна Кореја и САД започнаа со изведба на воени вежби во западниот Пацифик, кои што се оценуваат како јасно предупредување за Северна Кореја.

Вежбите се изведуваат на источниот брег на Јужна Кореја за време на посетата на претседателот Доналд Трамп во Азија.

– Најверојатно в понеделник на воената вежба ќе се приклучат и три американските носачи на авиони „УСС Роналд Реган“, „Теодор Рузвелт“ и „Нимиц“. Целта на вежбата е унапредување на комбинираните операции и воздушните напади и приказ на силната волја и одлучната воена подготвеност со доминантна воена сила, во случај на криза, да се порази секаква провокација од Северна Кореја, соопшти Генералштабот на јужнокорејската армија.

Американските носачи за прв пат се активни во близина на Гуам по 2007 година.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот