Валтери Ботас од Мерцедес утре ќе стартува од првиот ред на трката за Големата на града на Бразил.
Покрај него напред ќе биде и Себастијан Фетел од Ферари. Ботас го извози најбрзиот круг во квалификациите со време од 1.08.322.
Од третата позиција ќе стартува Кими Раиконен со неговото ферари, додека четврт ќе биде Макс Верстапен од Ред Бул.
Новиот шампион Луис Хамилтон трката ќе ја започне од последната позиција бидејќи не ги заврши денешните квалификации откако изгуби контрола на еден свиок и удри во зашттната ограда.
Тргната за ГН на Бразил се вози утре од 17 часот по македонско време.