САД и Франција изразија поддршка за суверенитетот и стабилноста на Либан по оставката на премиерот Сад Харири за време на посетата на Саудиска Арабија.
Либанскиот премиер Харири си даде оставка преку видео порака за време на неговиот престој во Саудиска Арабија, каде што и остана, а либански претставници велат дека тој е таму против своја волја.
Портпаролката на Белата куќа, Сара Хакави Сандерс изјави дека САД апелираат сите држави да го почитуваат суверенитетот, независноста и уставните процеси во Либан.
И францускиот претседател Макрон разговарал со неговиот либански колега Мишел Аун и му ја потенцирал посветеноста на Франција за либанското единство, суверенитет и независност.