Третиран како криминалец, педофил, сериски убиец…Тоа е злоставување, изјави Карлес Пуџдемон, кој што во моментов се наоѓа во Брисел, каде што замина откако Каталонија прогласи независност, а Мадрид ја смени каталонската влада.
Тој тврди дека судовите се користат за политички цели и дека за делото кое што е обвинет може да биде затворен до 30 години, што според него не е правда, туку одмазда.
– Јас не сум бунтовник. Немам дух како бунтовниците, ниту сакам да бидам еден од нив. Јас сум многу дисциплиниран, само сакам да го направам тоа што го одобри мојот парламент. Тоа е многу нормално, нема ништо бунтовно во тоа, додаде тој.