Лидерот на Хезболах, Сајед Хасан Насралах изјави дека Саудиска Арабија објави војна на Либан и Хезболах и кажа дека либанскиот премиер, Харири, кој што си даде оставка минатата сабота е приведен во Саудиска Арабија.
Во телевизиското обраќање Насралах рече дека оставката на Харири била диретно мешање на Саудиска Арабија во внатрешната политика на Либан и побара Харари да се врати во Либан. Тој изјави дека либанската влада е се уште легитимна и дека не се повлекла.
Насралах денеска од Бејрут рече дека е сигурен дека Харири бил принуден да даде оставка и оти тоа, според него, е дел од политиката на Саудиска Арабија за предизвикување секташки тензии во Либан.
Лидерот на Хезболах кажа дека тие не стојат позади истреланите ракети од Јемен кон Ријад минатата недела и кажа дека Јемен има капацитет да произведе такви ракети.
Тој, исто така, оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп сигурно знаел за плановите Харири да се принуди на оставка. Американски функционери одбиваат да го коментираат статусот на Харири.
Портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојерт изјави дека Крис Хензел, американскиот вршител на должност во Ријад, се сретнал со Харири во средата, но одби да каже повеќе детали за средбата или за статусот на Харири.
– Разговорите беа чувствителни, приватни и дипломатски. Сите го видовме. Ако е прашањето за тоа дали е задржан или за темата на разговорите меѓу Саудиска Арабија и премиерот Харири, ќе ве упатам на властите на Саудиска Арабија, како и на канцеларијата на Харири, истакна таа.