Божиновска: 2012 беше година на тест за верскиот соживот

Од:

Изминатава 2012 беше година на сериозен тест на верскиот соживот во Македонија, вели претседателката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска во интервјуто за Прес24.

Според неа меѓуверскиот соживот е солиден, цврст, коректен и стабилен и не гледа во иднина причини за какви било меѓуверски тензии во Република Македонија.

– Можеби најсуштински во вакви мигови е потребен дигнитет и авторитет на верските лидери, особено на МПЦ и ИВЗ, но не како засилувачи на верскиот дијалог, туку како поддржувачи авторитетни на верскиот дијалог меѓу верниците, вели Божиновска.

Анализирајќи го меѓуверскиот живот во Македонија, посочува дека треба да се засилат ингеренциите на Комисијата, чиј директор е таа, а верските заедници да делуваат превентивно.

– Најчесто меѓуверските тензии се случуваат кога нешто наеднаш ќе се дознае за некој верски момент и тогаш се распалуваат тензиите. Но, ако претходно има подолг период на менаџирање Ве уверувам дека во Македонија немаше да дојде до такви тензии. Верувам дека важноста на овој орган, кој што постои повеќе од 50 години, не е доволно земена предвид. Сметам дека Комисијата или треба да прерасне во Министерство, што е впрочем и препорака на ревизорот, или пак да се врати во рамките на Собранието, вели Божиновска.

Иако во македонската јавност ретко може да се види слика на која заеднички меѓусебно, поглаварите на двете најголеми верски заедници, покажуваат меѓусебно почитување за верските празници, Божиновска вели дека тоа постои, и дека комуникацијата меѓу Архиепископот на МПЦ и Реисот на ИВЗ е присутна.

– Мислам дека нивната комуникација е добра, но таа комуникација не е за светла, рефлектори и медиуми. Она што е важно е таа комуникација да биде суштинска пред да се појават одредени проблеми, објаснува за претседателката на Комисијата за верски заедници.
Присуството на радикалните религиски структури е евидентно во Македонија, но Божиновска која ги менаџира односите меѓу верските заедници вели дека засега нема опасност од радиклизација. Сепак, стравува од можноста политиката да испровоцира радикализација на верските чувства.

– Секогаш ќе има искри околу радикалните структури, но опасно е како она што сега се случуваше од страна на опозициската партија СДСМ која сакаше да го преземе Собранието по пат на сила и повика на улични нереди. Стравувам дека еден ден може да им падне на ум да изманипулираат и некој верски конфликт, што би било опасно за сите, истакнува таа.
Во интервјуто за Прес24, Божиновска одговара на прашања поврзани и со Законот за верски заедници, за кој вели дека е еден од најлибералните закони. Што се однесува до регистрацијација на Јовановата ПОА, таа посочува дека такво нешто не може да и наштети на МПЦ, бидејќи ПОА повеќе не егзистира и меѓу своите редови.

Говорејќи за Третата религиска конференција која годинава ќе се одржи во Скопје, Божиновска најавува изненадување од претставници на православните цркви.

Би можело да ве интересира

Светот во 2022: Жени, живот, слобода

Горан Наумовски

Жител на Тработивиште бара работа и помош да обезбеди пари за лекување на сопругата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Маж ми е инвалид со мозочен удар, извршителот ни ги зема парите што ни се за лекови

Габриела Димковиќ-Мишевска

Студија: Емоционалниот живот кај младите во земјава на многу ниско ниво

ВИДЕО: Жителите на Долно Количани во буриња носат вода за пиење од соседните села

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Жителите на Јака: „Елитната населба“ е целата во кал, во потполн мрак, без јавен превоз

Ана Ололовска