Претседателката на каталонскиот Парламент Карме Форкадељ ја плати кауцијата од 150.000 евра, што беше определена од страна на шпанскиот суд, и со тоа, таа уште денеска може да го напушти притворот, каде ја помина ноќта.
– Кауцијата на претседателката на каталонскиот Парламент е платена, се очекува судска наредба за нејзино ослободување, наведе неименувана претставничка на шпанскиот Врховен суд.