Доналд Трамп соопшти дека во Пекинг склучил трговски договори со Кина вредни повеќе од 250 милијарди долари. Овие договори потпишани за време на неговата прва посета на Кина беа најавени на средбата со неговиот колега Си Џинпинг.
Станува збор за договори за енергија, аеронаутика, прехранбени и електронски производи. Трамп изрази задоволство од склучените договори, а кинескиот министер Жонг Шанг смета дека големиот број на договори се вистинско чудо.