Словачкиот претседател избран за најглупава јавна личност

Од:

Во анкетата на словачкиот весник „Ново време“, во која се гласаше за „најглупава јавна личност во Словачка“, убедлива предност со над 36 проценти гласови добил претседателот Иван Гашпарович, пренесоа чешките медиуми.

Минатата година Гашпарович направи неколку лапсуси, кои очигледно му го донесоа приматот во анкетата, јави дописникот на МИА од Прага.

Во една прилика тој изјави: „За едно од најважните прашања за стабилизација на регионот на Западниот балкон…ехм…Балкан.“ или пак „Ќе ви одговорам со два збора – да, имате право“.

Потсмев во јавноста предизвикаа и неговите збунувачки формулации „Организација на обединетите тумори“ наместо Обединети нации, како и кога познатата фраза „црно на бело“ тој ја изговори како „Го имате тоа бело на црно“.

– Јас речиси 400 денови поминав на пат низ Словачка, што е речиси цела една година, рече во една прилика словачкиот претседател и јавноста му забележа уште еден лапсус.

Би можело да ве интересира

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

Дојава за поставена бомба во катедрала во Кошице

Словачка: Дојави за поставени бомби и мини во училиштата и судовите

Горан Наумовски

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

Во Словачка се отворени избирачките места за изборите за Европскиот парламент