Полицијата во Северна Ирска соопшти дека девет полицајци се повредени, а 18 демонстранти се уапсени за време на втората последователна ноќ на протести против одлуката, британското знаме повеќе да не се истакнува на градското собрание во Белфаст во текот на целата година.
Полицијата соопшти дека демонстрантите ги гаѓале полицајците, кои ноќеска интервенирале во судирите во протестантските делови на Белфаст, со повеќе од 30 запаливи бомби, петарди и тули, пренесува АП.
Судирите избувнале минатата ноќ, еден ден откако 10 полицајци беа повредени во источниот дел на Белфаст во слични протести.
Голем број демонстранти, бараат градскиот совет на Белфаст да ја поништи одлуката, британското знаме повеќе да не се вее на зградата на собранието во текот на годината, која одлука ја поддржуваат ирските католици.
Неколку десетици полицајци се повредени во протестите што избувнаа поради таа одлука, а протестантските екстремисти испратија закани до политичарите.