Поддршка на туризмот и хотелиерството преку четири финансиски инструменти

Од:

Владата на Република Македонија обезбеди четири кредитни линии за долгорочно финансирање за купување, изградба и адаптација на мали сместувачки капацитети до 70 легла со стандард не поголем од оној кој е определен со три ѕвезди, проект кој е дел од Програмата на Владата за 2011-2015 година.

– Владата преку четири кредитни линии под поволни услови со прифатлив и разумен рок на отплата и вклучен грејс-период помага при купување, изградба или адаптација на сместувачки капацитети. Се работи за поттикнување на отворање на нови сместувачки капацитети кои особено во европските држави се масовно искористени и претставуваат значаен дел од обртот на средства во светскиот туризам, а претставуваат и модел за развој на малиот и среден бизнис, рече на денешната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Владата на минатата седница, како што информира,ја усвои Информацијата за расположливи четири финансиски инструменти – кредитни линии кои може да се користат за таа намена. Се работи за ЕИБ-кредитна линија, Инвестициска кредитна линија РФ, Посебен кредитен фонд кредитна линија со гарантна шема и МСП – МБПР кредитна линија.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 отсто, инфлација 2,5 отсто

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски