Чешка останува силен поддржувач на Македонија во ЕУ и во НАТО

Од:

Чешка останува силен поддржувач на зачленувањето на Република Македонија во ЕУ и НАТО и е секогаш отворена за соработка на овој план. Севкупните односи меѓу двете држави, како и односите помеѓу владите и парламентите се на одлично ниво и без отворени прашања, истакнал новоименуваниот вонреден и ополномоштен чешки амбасадор во Македонија Мирослав Томан на средбата со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Џафери, како што соопшти денеска Собранието, на средбата се заблагодарил за отворената и континуирана поддршка што Чешка и ја дава на Македонија во процесот на евроатлантските интеграции и финалното пристапувањето во Европската унија и НАТО. На средбата било истакнато дека е високо ценета и поддршката што Чешка, заедно со другите членки на Вишеградската група и ја дава на Македонија во справување со бегалската криза и обезбедувањето на јужната граница.

Би можело да ве интересира

Предупредување од ЕУ: Можен е недостиг на гориво

„Волстрит џурнал“: Европа подготвува „европско НАТО“ во случај САД да си замине

Дмитриев: Европејците ќе ги паметат одлуките на русофобичните Урсула и Каја

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и нема потреба да интервенира во Ормутскиот теснец

Болат: НАТО не е обврзан да ѝ помогне на Америка во војна