Претставници на компании, истражувачки центри и универзитети од регионот ќе можат да се обучуваат за европските програми за финансирање на мали и средни претпријатија Хоризонт 2020 и Инструмент во рамки на конференцијата што денеска и утре ќе се одржи во Скопје.
Презентации и совети ќе понудат и искусни консултанти, евалуатори како и фирми добитнички на грантови од Инструментот за мали и средни претпријатија на програмата Хоризонт 2020.
На конференцијата ќе се одржат и директни средби на кои македонските компании ќе имаат можност да формираат меѓународни партнерства со компании од регионот, со цел зголемени шанси за успех во процесот на аплицирање на европските програми.
На конференцијата насловена „SME Vision 2020“ ќе учествуваат повеќе од 60 компании, истражувачки центри и универзитети од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Унгарија и Црна Гора.