Демонстранти кои што се за независност на Каталонија денеска блокираа автопати, патишта и железнички линии како дел од генералниот штрајк поради затворањето на лидерите на регионот.
Тие блокираа повеќе од 60 делови од железницата иа автопатите, вклучувајќи ги и патиштата до Барселона.
На генерален штрајк денеска повикаа сепаратистичките синдикати, а партиите и припадници на граѓанското општество ги повикаа работниците да се собрат на пладне во главните каталонски градови, и повторно навечер пред градските собранија ширум Каталонија.
Двата најголеми синдикати во Шпанија не го поддржаа штрајкот.
За сабота е најавен масовен протест во Каталонија, каде се очекуваат стотина илјадници луѓе. Осум членови на сменетата каталонска влада и двајца активисти се наоѓаат во притвор. Шпанската Влада од Белгија побара екстрадиција на разрешениот каталонски лидер Карлес Пуџдемон и уште четворица функционери кои таму се наоѓаат.