СДСМ: Акцијата „Ден на дрвото“ освен популизам не донесе никаков ефект за намалување на загадувањето

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагираше на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во врска со загадувањето и укинувањето на акцијата „Ден на дрвото“.

„Акцијата „Ден на дрвото“ освен гол популизам не донесе никаков ефект за намалување на аерозагадувањето во градовите низ Македонија. Колку акцијата беше успешна се покажува и со моменталното загадување на воздухот, кое е директна последица од недомаќинското, криминално и расипничко 11 годишно владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

За ефектот на популистичката акција доволно говори фактот што успехот на зафатени садници е катастрофален и изнесува помеѓу 0 и 15 отсто во зависност од парцелата.

Активностите за пошумување ќе се реализираат со одобрена предлог програма на Јавното претпријатие „Македонски Шуми“, а денот на дрвото треба да се врати кај граѓаните, кај граѓанските организации, еколошките здруженија, за вистински да се спроведуваат ефикасни акции за зголемување на зелените површини и унапредување на животната средина.

За разлика од несериозните и популистички потези на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ спроведува системски и издржани мерки кои на среден рок ќе обезбедат почист воздух и здрава животна средина за сите граѓани“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага