Градоначалникот Темелковски присуствуваше на патрониот празник на училиштето за лица со оштетен вид ДУРДМОВ „Димитар Влахов“

Од:

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, денес присуствуваше на патрониот празник на училиштето за лица со оштетен вид, ДУРДМОВ „Димитар Влахов”.

На манифестацијата на која покрај другите случувања, беше промовирана книга од ученичката Јована Трајчевска од ова училиште, испечатена на Брајово писмо. Градоначалникот Темелковски, нагласи дека лицата со оштетен вид, можат да сметаат на поддршката од оваа локална самоуправа и дека планира, проблемите со кои овие лица се соочуваат, а се во надлежност на Општината, да ги решава во комуникација со нив, но и со училиштето за лица со оштетен вид, ДУРДМОВ „Димитар Влахов“, од каде можат да произлезат и конкретни решенија кои Општината би ги спровела.

– Пред се, тука сме како Општина да дадеме поддршка кон училиштето за деца со оштетен вид. Општина Кисела Вода е отворена за секаков вид на соработка, пред се’, со здруженијата на лица со оштетен вид и училиштето за да ги решиме нивните најгорливи проблеми кои се во наша ингеренција, а тоа е инфраструктурата.

– Сметам дека училиштето и сојузот на лица со оштетен вид можат да дадат конкретни решенија, за потоа, ние како општина навремено да реагираме и да ги решиме проблемите на граѓаните. Така што за сите настани кои во иднина ќе бидат организирани од страна на ДУРДМОВ „Димитар Влахов”, Општина Кисела Вода останува да биде отворена за соработка и за подддршка и на настаните и проектите кои ги имаат во нивната работа-изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски.

– Денес го одбележуваме патрониот празник на нашето училиште и исто така правиме промоција на збирка песни на наша ученичка која ние како училиште ја испечативме на Брајово писмо и е нешто што за прв пат се прави во историјата на постоење на ова училиште. Исто така е организирана работилница од животни вештини во која учествуваат наши ученици и професионални готвачи од асоцијацијата на готвачи во Република Македонија- истакна директорот на ДУРДМОВ „Димитар Влахов”, Горанчо Јакимов.

Претседателот на здружението за слепи лица на Република Македонија Жарко Селковски, го честиташе патронатот на ДУРДМОВ „Димитар Влахов”, со желби за многу понатамошни успеси на учениците, истакнувајќи го задоволството од успехот што го постигнала тукашната ученичка со објавувањето на своја книга испечатена со Брајово писмо.

Ја нагласи и досегашната добра соработка со директорот на училиштето, со Општината, министерствата и другите здруженија за лица со оштетен вид, и истакна дека се надева дека и во иднина ќе постои и поголема соработка со цел да се обезбеди поголема пристапност на учениците со оштетен вид до училиштето „Димитар Влахов”.

Побара теренот да биде обезбеден со патеки, со звучни семафори, а да се реагира и за и други потребни работи кои тековно ќе се појават. Ја изрази својата верба дека градоначалникот Темелковски, но и другите институции ќе излезат во пресрет на овие лица и ќе им го олеснат секојдневното живеење.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода