Француски суд реши една слика од импресионистот Камиј Писаро, да им биде вратена на потомците на еврејски колекционер, кому му била одземена во Втората светска војна.
Барањето го поднел внук на колекционерот и бизнисмен Симон Бауер, чиј имот бил запленет од страна на француските марионетски власти во 1943 година.
Делото „Берба на грашок“ Писаро го насликал во 1887 године и сега е во сопственост на Брус и Роби Тол од САД, кои досега не знаеле кому првично му припаѓала. Нивниот адвокат Рон Софер вели дека „тие се разочарани и дека секако ќе се жалат“.
Сликата е една од 93-те уметнички дела кои биле одземени врз основа на антисемитските закони на квислиншката влада во Виши. Таа била конфискувана пред Бауер да биде испратен во собирниот центар Дранси, од каде што сепак успеал да побегне пред да го префрлат во концентрационен логор. Финансиски уништен, тој починал во 1947 година.