Нивото на Дојранското Езеро е трипати повисоко од ноемврискиот просек, додека Преспанското и Охридското не бележат големи отстапувања, соопшти УХМР.
Денешната хидролошка состојба покажува четири до пет пати пониски водостои на Црн Дрим кај Ложани, Вардар кај Јегуновце и Црна Река кај Новаци, како и речиси преполовени нивоа на Пчиња кај Катлановска Бања, Вардар кај Скопје, Зајчев Рид, Брегалница кај Берово, Сатеска кај Ботун и Крива Река кај Крива Паланка.