Голманот на шпанската репрезентација и Реал Мадрид, Икер Касилјас е прогласен за најдобар голман во 2012 година според Интернационалната федерација за фудбалска историја и статистика.
Касилјас кој изминатава година се закити со европската шампионска титула на ЕП 2012 во Полска и во Украина, но ја освои и круната во Примера, признанието го доби со убедливо најголем број гласови – 224, пред голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон со 128 гласа и Петр Чех од Челси со 92 гласа.
Меѓу најдобрите девет голмани, кои добија гласови во рангирањето на ИФФХС, се и Мануел Ноер (Баерн Минхен), Џон Харт (Манчестер сити), Виктор Валдес (Барселона), Касио Ромос (Коринтијанс), Самир Хандановиќ (Интер) и Хуго Лорис (Тотенхем).