Тевдовски: Зголемувањето на акцизата за нафтата е економски оправдан потег

Од:

Министерството за финансии смета дека воведувањето на акцизата кај нафтата од три денари од 1 јануари наредната година е економски оправдано и предложеното решение не треба да се повлече.

– Отворени сме кон јавноста. Треба да се почитува тоа што првпат во историјата на Македонија на незатворен буџет од Владата излегуваме и ги соопштуваме нашите ставови. Околу акцизата мислиме дека економските толкувања ги дадовме и има простор за зголемување. Досега не слушнав некој став кој дава друга економска логика во тоа, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски запрашан денеска дали може да биде повлечен предлогот за зголемување на акцизата на нафтата за три денари.

Истакна дека Министерството за финансии го дава предлогот и оти цврсто стои зад него.

– Во Македонија првпат од 1991 година имаме и во медиумите дебата, а интересните групи ги кажуваат своите ставови и тоа е добро и тоа може да води напред. Но, мојот став е дека мора да гледаме повеќе од една година. Да го гледаме поголемиот период и да кажеме каде сакаме да се движиме. рече Тевдовски.

Посочи дека со буџетот за 2018 година првпат по многу години почнува да се прави фискална консолидација во Македонија.

– Имаме буџетски дефицит од 2,9 отсто и се оди на 2,7 проценти. Ни треба нешто на приходна страна за тоа да се направи и главата тема од аспект на финансии треба да биде таму, рече Тевдовски.

Акцизата се воведува од 1 јануари кај дизелот и кај екстра лесното масло за домаќинства, затоа што, како што појасни минситерот, главната буџетска импликација е кај дизелот, но зголемувањето на акцизата кај екстра лесното е затоа што тие треба заедно да се движат и да не се одвојат многу, бидејќи може неправилно да се користи.

Предлогот на Министерството за финансии треба да се гласа од страна на Владата, а Предлог-буџетот од Владата до Собранието да биде испратен најдоцна до 15 ноември.

Во однос на зголемувањето на платите само во одредени сектори, рече дека во моментов од аспект на финансиски можности на државата приоритет се зголемувањата во образованието и здравството, како што е предложено по пет проценти.

– Платите и на наставниците во основно и средно образование и во градинките треба да бидат многу повисоки, но го правиме првиот чекор, правиме зголемување и на докторите и на медицинските сестри. Знаеме дека треба да бидат повисоки, но од аспект на можности на државата го буџетираме тоа, рече Тевдовски.

Додаде дека предвидени се и зголемувањата кои се законски утрдени зголемувања, односно усогласувањето на пензиите.

Министерот соопшти дека заклучно со октомври има добра наплата на приходите во Буџетот и оти очекува тоа да продолжи, а државната каса да биде во добра состојба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тевдовски: Невработеноста е на најниско ниво, бројот на вработени е зголемен за повеќе од 28 илјади луѓе

Тевдовски: Преку 30 милиони евра за локални проекти во Битола

Трибина „Фер општество-шанса за сите“ во Битола

Тевдовски: Ја намалуваме каматата за „Купи куќа, купи стан“ на 2,9%

Наум Локоски

Тевдовски: Од годинава ќе стартува Регистарот на вистински сопственици на фирми

Наум Локоски

Тевдовски: Проекциите за раст на Министерството за финансии се кредибилни

Наум Локоски