Јовановска ја презеде градоначалничката функција во Старо Нагоричане

Од:

Претседателот на ОИК Старо Нагоричане денеска и го предаде уверението на новоизбраната градоначалничка на општината Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска.

Најави дека ќе ја оправда добиената доверба од граѓаните и оти ќе работи на решавање на инфраструктурните проекти, на проблемите со уличното осветлување и водоснабдителните системи.

– Првенствено, општината ќе биде отворена за сите идеи на жителите на Старо Нагоричане, рече таа.

Посочи дека меѓу приоритетните проекти кои што ќе ги реализира во наредниот период е уличното осветлување, бидејќи, објасни, повеќе од половина година граѓаните плаќаат за оваа услуга, а не ја добиваат.

– Особено внимание ќе посветам и на зимското одржуавње на улиците, бидејќи руралните општини порано ги зафаќа зимскиот период и изминативе години дел од патиштата беа завеани и селата блокирани. Воедно, ќе работиме и на водоснабдителниот систем кој нма проблем со капацитетот, туку со самиот систем, рече Јовановска.

Денеска, се одржа и конститутивна седница на Советот на општината, во која мнозинството од деветчлениот совет го има СДСМ, а за претседател е избран Јовица Јанчиќ.

На примопредавањето на градоначалничката функција присуствуваше и досегашниот градоначалник, Милован Стојковски.

Би можело да ве интересира

Поплави и оштетени објекти, патишта и земјоделски површини од невремето што ја зафати земјава

Катерина Ѓуровски

Ќе се минира повторно до костурницата Зебрењак крај Куманово, можно е да се урне, предупредија српските здруженија

A1on

Жената за која се тврди дека изгорела во пожар во Старо Нагоричане се уште не е пронајдена

Пријавено дека жена изгорела во пожар во Старо Нагоричане, мажот успеал да се спаси – куќата целосно опожарена

Кристијан Ландов

Во Кочани е активен крак од пожарот и може повторно да се разгори, најлошо е во Старо Нагоричане

По 6.000 денари за секое новороденче во Старо Нагоричане

Ана Ололовска