Тевдовски: Ако се исполнат сите барања на буџетските корисници дефицитот ќе биде осум, а не 2,7 отсто

Од:

Буџетските корисници имаат поголеми барања за 500 милиони евра. Ако се исполнеа сите нивни желби за покачување на платите, буџетскиот дефицит ќе биде осум, а не 2,7 отсто од БДП, рече денеска министерот за финансии Драган Тевдовски, презентирајќи го Предлог- буџетот за 2018 година пред членките на Стопанската комора на Македонија.

Тевдовски напомена дека првпат проекцијата на државната каса се презентира и дискутира отворено пред да биде усвоена што, најави, ќе стане пракса.

– За Македонија да оди напред, мора да зборуваме отворено, да бидеме транспарентни. Неопходно е да има дебати, не е ништо страшно да слушнеме различни мислења. Најважно е дека знаеме што сакаме и каде сакаме да одиме, истакна министерот.

Претставувајќи го Предлог- буџетот, уште еднаш повтори дека за зголемување на приходите се предвидува зголемување на акцизата на нафтата за три денари и зголемување на максималната основица на плаќањето придонеси од 12 на 16 просечни плати.

По обраќањето на Тевдовски, се очекува отворена расправа на која стопанствениците треба да ги изнесат своите размислувања, предлози и сугестии.

– До 15 ноември Владата треба да го усвои Предлог- буџетот и потоа да го достави до Собранието.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Владата прави ребаланс на буџет по нарачка на стопанските комори

Собранието го донесе ребалансот на Буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николова: ДПМНЕ одбива амандмани и не сака да зборува за министерката и долгот од милион евра кон МЕПСО

Јанкуловски: Со ребалансот финансиски го консолидираме стопанството, ќе продолжи зголемувањето на платите и пензиите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитриеска Кочоска: Буџетот е оштетен за повеќе од 32 милијарди денари

Катерина Ѓуровски

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост