Сменетиот каталонски премиер Карлес Пуџдемон ќе ја предводи листата на неговата партија на регионалните избори во шпанскиот регион на 21. декември, соопшти денеска Марта Паскал, портпаролка на „Европската демократска партија на Каталонија” (ЕДПК).
Баран од Мадрид со европска потерница за апсење, Пуџдемон се предаде денеска на федералната полиција во Белгија, заедно со поранешните членови на својот кабинет, соопштија во меѓувреме белгиските власти.
ЕДПК инсистира сепаратистичките партии на изборите да настапат во коалиција, но тоа е невозможно поради резервите на нејзината сојузнички и соперничка – партијата „Леви републиканци на Каталонија”, а рокот за регистрирање на коалиции истекува во вторник, на 7 ноември.