Пренасочување на сообраќајот во Скопје поради најавен протест

Од:

Сообраќајот во централното градско подрачје во Скопје денеска од 13 часот ќе биде пренасочен поради најавениот протест против одлуките на судот за обвинетите во случајот „Дива населба“.

Како што соопшти МВР, булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Филип Втори Македонски“ во Скопје ќе бидат пренасочени во двата правци, а потоа и сообраќајот на улиците „11ти Октомври“ и „Димитрија Чуповски“ и тоа од крстосница помеѓу „11ти Октомври“ и бул „Кочо Рацин“ (Црвен крст) до крстосница помеѓу улиците „Димитрије Чуповски“ и „Даме Груев“ (Палома Бјанка).

Протестот, според пријавата на организаторот, ќе почне од плоштадот Скендербег по што учесниците ќе се се движат до Собранието на Република Макадонија каде по кратко задржување по истата маршута ќе се вратат назад и ќе протестираат пред Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја