Пуџдемон ги повика каталонските сепаратисти на заеднички настап на регионалните избори

Од:

Разрешениот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон денеска ги повика сите партии што ја поддржуваат независноста на Катлонија да настапат со заедничка кандидатска листа на предвремените парламентарни избори во регионот, закажани за 21 декември.

– Сега е момнетот сите демократи да се обединат во името на Каталонија, слободата на политичките затвореници и републиката, напиша Пуџдемон на Твитер.

Во објавата тој постави и линк до интернет сајтот на кои се собираат потписи за поддршка на неговата кандидатура на претстијните избори.

Пуџдемон, кој се наоѓа во Берисел, уште вчера најави дека е подготвен да се кандидира на изборите, што ги распиша Владата во Мадрид по распуштање на регионалните органи на власта во Каталонија, иако шпанскиот Врховен суд синоќа издаде европски налог за негово апсење, под обвинение за бунт, поттикнување на бунт, злоупотреба на јавни фондови и прекршување на довербата.

– Подготвен сум да бидам кандидат. Можно е да се води кампања од секаде. Ние себеси се сметаме за легитимна Влада. Мора да постои континуитет со цел да му се каже на светот што се случува во Шпанија. Не можам со Влада која е во затвор да имам избори кои ќе бидат неутрални, независни и нормални, изјави Пуџдемон за белгиската државна телевизија РТБФ.

Во меѓу време, десноцентристичката Каталонска европска демократска партија (ПДеЦАТ) на Пуџдемон денеска исто така ги повика поддржувачите на независноста на Каталонија на изборите да настапат „во единствен фронт“.

Како потенцијални партнери на ПДеЦАТ се сметаат левичарските Републиканска левица на Катапонија (ЕРЦ) и Кандидатура на народно единство (ЦУП), како и неколку помали сепаратистички партии.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата