Богдановиќ: „Бомбите“ доказ во судот, секој ќе одговара без разлика на претходната функција

Од:

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, кој е еден од сведоците во случајот „Нарачани шамари“ и демолирање на општина Центар, се огласи по одлуката на Апелацискиот суд, како доказ во случаите „ТНТ“ и „Топлик“, прислучуваните разговори од „бомбите“ да бидат доказен материјал.

Еве што напиша Богдановиќ:

Прислушуваните разговори од „бомбите“ на Заев ќе бидат доказ во судењето на криминалот на претходната Влада.

Апелација одлучи во судницата да се чуе како се договараше вандалското уривање на „Космос“ (случај „ТНТ“) и за тендерите за Сончев град (случај „Топлик“).

Претходно прислушуваните разговори се прифатени и за случајот „Тендери“, во кој е осомничена поранешната министерка Елизабета Канческа Милевска за малверзации со тендерот за Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“ и за случајот „Триста“ каде осомничен е помошник-министер од МВР за извршена јавна набавка за 300 возила со што бил оштетен буџетот на државата за 453.570 евра.

Овој месец е и судењето за „нарачаните шамари“ и демолирањето на општина Центар, каде осомничени се Никола Груевски, Миле Јанакиески и поранешни советници.

И тука судиите ги признаа „бомбите“ како доказен материјал.

Иако имаше недоверба, сепак вистината ќе излезе на површина и секој, без разлика на функцијата која ја извршувал, ќе одговара и ќе го врати украденото од народот.

Во Македонија ќе има и правда и живот!

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски