Повреден скопјанец во кафанска тепачка

Од:

Со скршена вилица утрово се здобил триесет и седумгодишен скопјанец по тепачка во кафана.

Како што соопшти МВР во 2:48 часот во Градската општа болница „Наум Охридски“ донесен бил повреден Е.А. кој се здобил со повреди при нарушен јавен ред и мир во угостителски објект лоциран на улица „Димитрија Чуповски“ во Скопје. Откако му биле извршени лекарски прегледи, Е.А. е префрлен на Одделението за Максиофацијална хирургија при Ургентен Центар каде од страна на доктор му е констатирана тешка телесна повреда – фрактура на вилица.

Од МВР преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници