Текстилни компании од Македонија и Бугарија денеска во Штип ќе ги презентираат своите производи.
Станува збор за 11 модни брендови на македонските фабрики „Астибо“, „Фешпн Груп“, „Амор – компани“, „Ист Комерц – Санда“, „Кули и Ларс“ и на бугарските „Бода стајл“, „Витал“, „Пирос“, „Нов свет“, „Мартекс 2“ и „Валена“.
Модната ревија е во организација на Македонскиот текстилен кластер, а се организира во соработка со Моден викенд Скопје.
На настанот ќе се промовира и новиот ТВ-спот којшто го изработи Текстилниот кластер, а кој ги покажува силните страни на текстилната индустрија.
Ревијата се одржува во рамки на пограничниот проект „Градење на интернационална конкурентност на текстилните компании во пограничниот регион МК-БГ‘‘ кој Текстилниот кластер од Македонија го спроведува во партнерство со Браншовата организација за текстил и облека од Бугарија.
Проектот е финансиран од Европската унија преку ИНТЕРЕГ ИПА програмата за погранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.