ВМРО-ДПМНЕ: Над 60 луѓе од Карпош и Делчево добија отказ од работа

Од:

„Наместо живот за сите како што лажеше СДС, веќе над 60 луѓе од Карпош и Делчево добија отказ од работа. Toa се 60 семејства кои остануваат без егзистенција. СДС почнува пресметка со секој еден кој не е СДС. Сите инстанци на власта контролирани од СДС почнуваат со партиски реваншизам и бркаат луѓе од работа по желбите на локалните партиски шефови.

Штетните ефекти од најавуваниот живот на СДС се гледаат на дело. Во општина Делчево се отпуштени 12 негувателки и воспитувачки во детската градинка Весели Цветови. Овие 12 лица настрадаат само затоа што не беа членови на СДС, иако се квалификувани и долгогодишни професионалци кои се грижеле за стотици деца досега.

Само со еден потпис на антиреформските власти на СДС на локално ниво без егзистенција се оставени 12 семејства, а близу 350 деца ќе останат без своите негувателки и воспитувачки.

Со ова не се прави штети само на вработените кои со години придонесувале во воспитниот процес на децата, туку се прави и психолошка траума на децата и нивните родители, бидејќи децата кои се привикнувале во мала возраст на некој, сега треба да се привикнуваат на сосема друг.

Сето ова е резултат на штетната и осветничка политика на СДС, кои сакајќи да му наштетат на ВМРО-ДПМНЕ, им штетат на професионалци и луѓе посветени на едукацијата на најмладите деца. Дел од овие лица или не биле ченови на ВМРО-ДПМНЕ или биле партиски неопределени граѓани. Единствен грев им бил што работниот ангажман кој одговорно го вршеле, го добиле во време кога СДС не бил на власт.

Реваншизам и отпуштање од работа на луѓе кои не се СДС, партијата спроведе и во Карпош, Стефан Богоев без основни средства за егзистенција уште во првата недела од своето владеење остави без основни средства 50 луѓе, кои ги избрка од работа.

Очигледно СДС се води според максимата или си со нас или не си со нас и за тоа следува соодветна санкција, бркање од работа, малтретирање и доведување до работ на егзистенцијата.

Ова е вистинското лице на СДС. Тие во пракса ја применуваат идеата на Зоран Заев дека ќе јаде живи луѓе кога ќе дојде на власт, дека ќе брка од работа и ќе партизира од чистачка до министер. Ова граѓаните го гледаат, а многумина кои дури и се неопределени ќе го почуствуваат на свој грб. Се работи за целосно забегана структура, која својата некомпетентност и комплексираност ќе ја истураат врз граѓаните, мислејќи дека така ќе му наштетат на политичкиот ривал.

Штетата од оваа политика на СДС ќе ја чуствува државата и нашиот народ, кој многу брзо ќе ја види целата непсобност и омраза која постои во редовите на СДС“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Потребна е промена на организациската поставеност за поголемо вклучување на членовите

Предраг Петровиќ

СДСМ: ДПМНЕ го излажа народот, Митева и 77-те послушници на Мицкоски имаа можност да зборуваат ама молчеа

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Конгресот на СДСМ ќе продолжи откако општинските организации ќе се произнесат за Извештајот за претседателските и парламентарните избори

СДСМ го одржува 29. Конгрес – Ковачевски вели: Очекувам партијата да излезе посилна и пообединета

Горан Наумовски

СДСМ на отчетен Конгрес ќе ги анализира изборните резултати

(ВИДЕО) Филипче: Недостасува јавна и експертска дебата, има нејасни сегменти за поделба на министерствата