Издадена европска потерница за апсење на Пуџдемон

Од:

Шпанскиот Врховен суд вечерва соопшти дека издал европски налог за апсење на поранешниот претседател на каталонската регионална Влада Карлес Пуџдемон, како и за четворица членови на неговиот разрешен Кабинет.

Пуџдемон и четворицата министри, кои заминаа во Брисел откако на регионалните власти на Каталонија им беа одземени сите надлежности, се обвинети за бунт, поттикнување на бунт, злоупотреба на јавни фондови и кршење на довербата.

Шпанските медиуми јавија дека судијата за случајот го одбил барањето на Пуџдемон да сведочи преку видео-врска од Белгија.

Претходно денеска, Европската унија соопшти дека нема да интервенира во однос на европската потерница, издадена од страна на шпанските централни власти.

– Тоа е во целост прашање на правосудните органи, чија надлежност комплетно ја поддржуваме, изјави портпаролката на Европската комисија Аника Брајнхарт.

Разрешениот потпретседател на каталонската Влада, Ориол Жункерас изјави дека неговото апсење е „цената што ќе ја плати за слободата на Каталонија“.

Жункерас испрати писмо до сепаратистичкиот весник „Ара“ во кое вели дека заедно со поранешниот министер за надворешни работи Раул Ромева се согласиле дека „ако цената за слободата на Каталонија е да одиме во затвор, тогаш ќе ја платиме таа цена“.

Поранешниот претседател на каталонската регионална Влада денеска сопшти дека ќе се кандидира на предвремените регионални избори, кои ги распиша Владата во Мадрид за 21 декември, откако на каталонските власти им беа одземени сите овластувања.

– Подготвен сум да бидам кандидат. Можно е да се води кампања од секаде. Ние себеси се сметаме за легитимна Влада. Мора да постои континуитет со цел да му се каже на светот што се случува во Шпанија. Не можам со Влада која е во затвор да имам избори кои ќе бидат неутрални, независни и нормални, изјави Пуџдемон за белгиската државна телевизија РТБФ.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата