Премиерот на Ирак Хајдер ал Абади соопшти дека ирачките сили денеска ја презеле областа Ал Каим, едно од последните подрачја во земјата, кои се под контрола на џихадистчката група Исламска држава (ИД).
Абади, при тоа, ги пофали ирачките безбедносни сили поради ослободувањето на областа во „рекорден рок“.
Американските медиму јавија дека утрово во Ал Каим влегле припадници на ирачката војска, единиците за борба против тероризам, како и на сунитските племенски сили и шиитските правоени формации, кои ја имаат поддршката на Иран.