Канада воведе санкции против 30 руски функционери во случајот Магнитски

Од:

Канадските власти воведоа санкции против 30-ина руски функционери, кои Канада ги обвинува за смртта на Сергеј Магнитски, руски адвокат кој почина во затвор во 2009 година.

Меѓу лицата кои се под санкции е и поранешниот јавен обвинител на Русија, Александар Бастрикин.

Вакви санкции веќе се во сила во САД и со нив се опфатени лица кои се осомничени дека учествувале во апсењето на Магнитски.

Магнитски е познат по неговите ревизорски извештаи во кои тврдеше дека открил случаи на масовна корупција во руски државни компании. Во 2007 година, руските власти извршија рација во финансиската компанија на бизнисменот Бил Браудер „Ермитаж Капитал Менаџмент“, каде работеше Магнитски.

Тој беше обвинет за финансиски криминал во истрагата околу „Ермитаж“ и притворен во ноември 2008 година, но почина една година подоцна. Неговото семејство тврди дека Магнитски бил малтретиран во затвор и не добивал соодветна медицинска нега.

Како одговор на воведувањето санкции од страна на Канада, Русија исто така воведе санкции против одреден број канадски политичари кои го предложиле или поддржале воведувањето санкции, јави канадската телевизија Си-Би-Си.

Русија воедно се обидува да обезбеди екстрадиција на Броудер, кој се откажа од своето американско државјанство и сега е британски државјанин.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он