Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави дека Вооружените сили на Турција ќе ја продолжат операцијата за уништување на терористичките групи во Сирија и Ирак.
Како што јави агенцијата Анадолија, Ердоган изјави дека досегашните операции на турските сили во Сирија, пред се во областа Идлиб, како и во Џарабулус и Ал Баб биле успешни и ќе продолжат.
Турскиот претседател воедно побара ниту една држава ангажирана во регионот да не соработува со терористички групи, меѓу кои Турција ги вбројува и организациите на сириските Курди, кои имаат поддршка од САД.