Извозот во првите девет месеци со раст од 15,1 отсто

Од:

Извозот на стоки од Република Македонија од почетокот на годината до септември 2017 година бележи раст од 15,1 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, вкупната вредност на извезените стоки изнесува 4.097.146 илјади американски долари. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5.513.552 илјади американски долари, што е за 10,8 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-септември 2017 година, изнесува 1.416.406 илјади американски долари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-септември 2017 година, изнесува 74,1 отсто.

Најмногу се извезувало катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел) и облеката.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени
од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени, обработувани не повеќе од топло-валаните со ширина од 600мм или повеќе, намотани.

Во периодот јануари-септември 2017 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Би можело да ве интересира

Извозот намален за 5,7 отсто, трговскиот дефицит 2 151,2 милиони евра

ДЗС: Опадна извозот, се зголеми увозот, трговскиот дефицит до јули е 1,92 милијарди евра

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

A1on

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

A1on

Граѓаните не можат да си дозволат нов автомобил: Лани продадени трипати повеќе половни отколку нови

A1on

Во првите 11 месеци од 2023 година покриеноста на увозот со извозот 75,2 отсто