Жункерас: Нашето апсење е цената што ќе ја платиме за слободна Каталонија

Од:

Разрешениот потпретседател на каталонската Влада, Ориол Жункерас изјави дека неговото апсење е „цената што ќе ја плати за слободата на Каталонија“.

Жункерас е еден од осумте членови на разрешената Влада на Каталонија кои вчера беа притворени во Мадрид, каде дојдоа да бидат сослушани по обвиненијата за бунт и антидржавни активности.

Дел од министрите и разрешениот премиер Карлес Пуџдемон, претходно заминаа во Белгија и вчера не се појавија закажаното сослушување пред шпанскиот Врховен суд.

Жункерас испрати писмо до сепаратистичкиот весник „Ара“ во кое вели дека заедно со поранешниот министер за надворешни работи Раул Ромева се согласиле дека „ако цената за слободата на Каталонија е да одиме во затвор, тогаш ќе ја платиме таа цена“.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата