Средба на Богдановиќ со бугарскиот амбасадор Петков

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, оствари средба со амбасадорот на Република Бугарија, Н.Е. Иван Петков.

Петков му честиташе на Богдановиќ за победата во Центар. Двајцата соговорници изразија подготвеност за заедничка работа, за доброто на општина Центар и на двете држави.

Владата на Република Бугарија е подготвена да донира 130.000 евра за реконструкција на фасадата на основното училиште “Димитар Миладинов“. Вкупната површина на фасадата изнесува 3610 м2.

Ова, рече Богдановиќ, ќе биде во интерес на децата, бидејќи ќе значи поголема безбедност и подобрени услови за учење и престој. Енергетски ефикасна фасада ќе значи и голема заштеда и намалување на трошоците за греење на училиштето.

Амбасадорот Петков изрази подготвеност и за други заеднички акции наменети пред се за најмладите, што беше со задоволство прифатено од градоначалникот на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски