Обвиненија против 10 лица за обид за убиство на Зијадин Села

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот суд Скопје 1 Скопје, поднесе обвинение против десет лица за обид за убиство на пратеникот Зијаден Села за време на насилствата во Собранието од 27 април годинава.

– Обвинетите сите заедно, како и со други лица за кои до овој момент не е утврден идентитетот, се обиделе да го лишат од живот оштетениот Зијадин Села. Дел од обвинетите користеле тврди предмети кои ги фрлале кон оштетениот и притоа му нанеле животно загрозувачки повреди. Останатите пак, со употреба на удари, клоци и тупаници го извршиле кривичното дело за кое се товарат, се наведува во соопштението од скопското Обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Обвинителниот акт поднесе и предлог за продолжување на мерката притвор за деветмина од обвинетите, а за еден од нив предлог за продолжување на мерката куќен притвор.

– Обвинителството цени дека постојат законските основи за продолжување на побараната мерка за обезбедување, бидејќи постојат основи за можно бегство на обвинетите, за влијание врз сведоци, како и за довршување на кривичното дело за кое се обвинети, стои во соопштението.​

Обвинението е поднесено по завршување на сеопфатната истражна постапка и прибирање на сите докази во предметот, за сторено кривично дело Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Фиктивни долгови, фалсификувани потписи и изнуда: Истрага против четири лица, нотар осомничен за несовесно работење

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за две лица вработени на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип

Горан Наумовски

Скопското ОЈО ќе бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Скопје

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ