Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско (80) вели дека понекогаш му се случува да заспие додека се моли, но нагласи дека од тоа никој не би требало да се срами.
– Кога се молам, понекогаш и заспивам. На Света Тереза тоа исто така и се случувало, изјави понтифот за програмата „Католик ТВ 2000“, имајќи предвид една католичка светица од 19. век.
Натаму, тој истакна дека нема ништо лошо во тоа што не обзема сон среде молитва, оти „христијаните треба додека се молат, да се чувствуваат како деца во таткова прегратка“.
Инаку, папата навечер обично си легнува околу девет часот, и се буди во четири наутро.